Јавните градски претпријатија неделава со зголемени активности во општина Карпош
Пет јавни претпријатија на Градот Скопје, „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Водовод и канализација“ и ЈСП, од денес до крајот на неделата ќе работат засилено во општина Карпош, согласно договореното на претходна координација на градоначалниците на скопските општини.
- Локалната власт се координираше со сите 14 урбани заедници кои постојат на нејзина територијата, а денес претставници од Градот и од јавните претпријатија со надлежните служби во Општината оперативно се договорија за старт на работата, информираат од општина Карпош.
Оттаму посочуваат дека традиционално, урбаните заедници од Карпош заедно со граѓаните ги лоцираат клучните проблеми кои ги имаат, а кои се во надлежност на Градот и неговите јавни претпријатија.
- Досега главно соработката беше со фокус на чистење и сечење на гранки, но овој пат, во следните пет дена, работниците на овие претпријатија ќе работат дополнително и на прекопи, чистење на сливници, поставување на нови капаци на шахти, крпење на ударни дупки, поставување на сообраќајни знаци, поправка на автобуските постојки, како и поставување на три фонтани за пиење вода, потенцираат од општина Карпош.
Ново на Сител
-
Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200
-
Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК - надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична
-
Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“
-
Украинската армија собори 46 руски дронови и две ракети
-
Се запали автобус на ЈСП во Сопиште
-
МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економскиот раст
-
Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија