Јавна трибина за енергетска ефикасност во Тетово
Јавна трибина за информирање на локалните власти и деловните претпријатија за целите на кампањата за енергетска ефикаснот „Наша енергија – наша сила“ беше одржана денеска од претставници на министерството за економија во салата на советот на општина Тетово.
Целта на кампањата е низ обуки и јавни дебати со претставниците на јавниот сектор да се оствари натамошно спроведување на законската регулатива во доменот на енергетската ефикасност и јакнењето на свеста за значењето на енергијата како важен ресурс.
- Преку овие дебати сакаме да ги запознаеме претстваниците на општините за последните измени на законот за енергетика кои начелно може да се поделат во два правилници за енергетски карактеристики на зградите и за контрола на одредбите за енргетска ефикасност. Бидејќи новите одредби се однесуваат за новите градби од јавен карактер како општини, училишта и слично за да се добие одборение за нивно користење инвеститорите мора да добијат и сертификат за енергетска ефикасност, изјави Исмаил Љума од минситерството за економија.
Во рамките на трибината беа претставени изворите за финасирање на мерки и прокети за енергетска ефикасност, на присутните им беше поделена и двојазична брошура додека за придобивките од вградувањето на системи за следење и управување со потрошувачката на енергијата во јавни и деловни објекти беше претставен и краток филм.
Со кампањата за енергетска ефикасност „Наша сила наша енергија“ планирани се одржување на вакви трибини во секој од осумте плански региони во Македонија. За денеска освен во Тетово ваква јавна дебата ќе се одржи и во Кичево додека за утре тие се закажани за во Штип и Струмица. ас/аа/11:34
Ново на Сител
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон
-
Претседателката до дипломатскиот кор: ЕУ треба помалку да наредува, а повеќе да убедува
-
ДСЗИ не констатира недостатоци во трите институции за смртта на 9-годишното дете
-
Утре е Богојавление-Водици - ќе се одбележи во сите градови и места низ земјава