Јасмина Џуровска со семејството се преселиле во Кина, вели технолошки и економски дојдовме во иднината
На другиот крај од светот гледано од наш аспект Кина и кинеската култура се издвојуваат со својата посебност и уникатност. Семејството на Јaсмина Џуровска Блажеска која работи како професор во меѓународно училиште се впуштија во авантура да се прилагодат и живеет во Кина.
Семејството на Јасмина, долго време размислувале за преслба во некоја развиена западноевропска земја, но потешкотиите со добивање виза поради македонскиот пасош ги натерало да размислуваат за други опции. По препорака на нивни пријатели кои веќе живеат во Кина а по пред тоа добиени неколку понуди одличиле да се впуштат во авантура која ќе значи преслба и работа во НР. Прилагодувањето одело тешко затоа што станува збор за целосно различна култура и земја, но со текот на времето се привикнале. Денес Јасмина работи во меѓународно училиште, нејзиниот сопруг исто така работи а синот се школува. Со останатите Мaкедонци редовно одржуваат средби на кои се негува и чува македонската традиција и обичаи. За Јасмина, Кина е поглед во иднината во однос на технологијата, а во однос на почитувањето на традиционалните вредности, семејството, достоинството, претставник на едно време кое се повеќе избледува во Европа.
Во Кина овој период се празнува најголемиот празник кинеска Нова година. Училиштата се на распуст, најголемиот број компании не работи, луѓето се слободно и уживаат во празниците. Кинеската Нова година со себе носи различни традиции, начин на украсување и празнување. Градовите се украсени во црвено-златна боја, а годината се смета за година на змејовите.
Во училиштето каде што работи, Јасмина ги учи своите колеги да пеат и играат македонска музика, а на отворените денови однела и ајвар на дегустација.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани