„Јасен“ се уште гори, се работи на нов противпожарен појас за локализирање на пожарот

Борбата со големиот шумски пожар во ловиштето „Јасен“ продолжува и денеска. Во текот на ноќта, огнот се доближи до шумскиот пат кој води од влезната капија на ловиштето „Јасен“ до ресторанот на брегот на езерото Козјак, но за среќа, благодарение на претходно расчистениот терен од вегетацијата, не беше дозволено негово ширење, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
Тој посочи дека во акцијата ноќеска биле вклучени припадници на Единицата за брзо распоредување со пинцгауери, вработени во ловиштето „Јасен“, пожарникари од Скопје и Македонски Брод, како и тим на Дирекцијата за заштита и спасување, кои со здружени сили не му дозволија на огнот да премине од другата страна на патот.
- Утрово започна и специфична и опасна операција за правење нов противпожарен појас на стрмниот гребен кој се спушта кон езерото, со цел огнот да биде целосно запрен. И покрај густиот чад, еден полициски и еден армиски хеликоптер веќе дејствуваат од рано утро, а се очекува приклучување и на ер трактор од ДЗС штом се расчисти видливоста, истакна Ангелов.
На терен, како што изјави Ангелов, се храбри специјалци од армијата и полицијата од елитните единици „волци“ и „тигри“, претежно алпинисти, кои работат во опасни услови на расчистување на појасот и за сузбивање на огнената стихија.
Во моментов во државата се активни уште неколку пожари кои се безопасни, бидејќи горат трева и грмушки.
МИА
Ново на Сител
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
-

Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
-

Јаневска за случајот со Василевски: МОН нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицински факултет
