-->
-->
Јапонски научници оживеаја мозок од мртов глушец
-->

Јапонски научници оживеаја мозок од мртов глушец и со помош на специјален сад го одржувале во живот 25 дена, објави „Сајенс алерт“.
Всушност, се работи за дел од мозокот на глувче, а времето во кое тоа ткиво било одржувано во живот, е значително подолго во однос на досегашните слични експерименти. Претходно, доктори од Јејл универзитетот успеаја да оживеат мозок од свиња која била мртва четири часа, а тој експеримент траел шест часа.
Успешноста на новиот експеримент се должи на нова мембрана и модифициран микрофлуиден уред користени во испитувањата, кои го хидрираат ткивото и не дозволуваат тоа да се исуши.
Проблемот е одржувањето рамнотежа. Овие ткива брзо се сушат, па затоа системот треба постојано да ја одржува влажноста и да ги снабдува со хранливи материи. Но, од друга страна, премногу влага ги спречува клетките да разменуваат гасови што му требаат на ткивото за да преживее.
– И, тоа е наредниот проблем што тимот ќе треба да го реши, изјави биохемичарот Нобутоши Ота од РИКЕН Центарот за биохемиски истражувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
