Јапонската компанија „THK CO LTD“ заинтересирана за влез на македонскиот пазар
Јапонската компанија „THK CO LTD“ која се занимава со производство на високи технологии има намера да влезе на македонскиот пазар и да воспостави контакти со македонските компании.
За таа цел денеска во Стопанската комора на Македонија претставници на компанијата ги презентираа дел од своите производи, меѓу кои и робот кој во зависност од апликацијата чини од 22 до 30 илјади евра. Иднината на овој производ, како што велат од компанијата, е голема. Таргет група им се компании кои се занимаваат со сеизмичка дејност и со земјотреси.
- Сакаме да воспоставиме мрежа во Македонија и добро би било оваа презентација да биде почеток на градење на нашите идни односи, изјави Хиројуки Масуки од „THK CO LTD“.
Компанијата е основана во 1971 година во Токио и во текот на своето 44-годишно постоење има отворено 18 претставништва во повеќе држави низ светот.
Од Стопанската комора на Македонија ја оценуваат денешната презентација како добра можност за македонските компании и се надеваат дека нејзиното присуство во Македонија ќе допринесе за зголемување на вкупната трговска размена меѓу двете држави.
- Целта на Стопанската комора е да работи во интерес на компаниите и во изнаоѓање на нови партнерства, а денешната презентација е одлична можност за македонските компании да воспоставаат соработка со оваа јапонска компанија која произведува високи технологии што се применливи во производството и во јавниот сектор, изјави Јадранка Аризанковка од Стопанската комора на Македонија.
Трговската размена меѓу Македонија и Јапонија во периодот од јануари до јули годинава достигна вредност од 33,1 милион американски долари. Притоа е остварен извоз од 881 илјада долари што претставува зголемување за 15 проценти во однос на истиот период лани, додека увозот изнесува 32,2 милиони долари или пад од 7,9 проценти.
Ново на Сител
-
Претседателката на Албанското собрание во Скопје – средба со Гаши, Ахмети и Филипче
-
Зголемена потребата од негуватели во Охрид
-
Во Штипската клиничка болница ќе се отвори Ургентен центар за тријажа на пациентите од источниот регион
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Aнгелов: Законот за бранители на Славјанка Петровска е кукавичко јајце кој во реалноста не може да се спроведе
-
Академијата за судии и обвинители ќе добие нов директор, во трка седуммина кандидати
-
ЕСM: Цевководот под Беласица ќе биде поставен во наредните неколку месеци