Јапоника ја принудила ќерка си да изаде 30 златни рипки
Една мајка од Јапонија решила да ја казни својата ќерка со тоа што ќе ја натера да изеде повеќе од 30 златни рипки, кои ги чувале во аквариум како миленичиња, јавија јапонските медиуми.
Полицијата ја уапсила Јоко Огата и нејзиното момче Текеси Егами, затоа што го принудиле девојчето да ги изеде угинатите риби.
- Девојчете било злоупотребено секојдневно, нагласи поллицијата.
Локалните медиуми објавија дека Огата и Егами, кои живеат во перфектурата Фукуока на југозападна Јапонија, ги усмртиле рипките истурајќи детергент во аквариумот, по што го принудиле девојчето да изеде 30 од нив, една по една.
Здравјето на детето, сепак, не е загрозено, додадоа медиумите.
Од минатата година ова е петтипат Огата и Егами да бидат притворени поради злоставување на дете. Против двојката досега се подигнату обвиненија поради врзување на девојчето со јаже за кревет, удирање по лицето и горење на нејзиниот јазик со цигара.
Јапонија бележи рекорден број слулаи на злоуптреба на деца. Минатиот месец тригодишно девојче почина, кога нејзината мајка ја потурила со врела вода нанесувајќи и сериозни изгореници на лицето.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција