Свет
2. September 2020 - 8:20

Јапонија размислува да им понуди бесплатна вакцина на сите жители

Јапонската Влада разгледува предлог бесплатно да им се понуди на сите граѓани вакцина против коронавирусот.

Владата во Токио соопшти дека нејзината цел е да обезбеди доволно вакцини за сите граѓани до средината на следната година.

Со оглед на тоа дека коронавирусот е исклучително заразен и остава трајни последици врз здравјето на оние кои го прележале, јапонските власти сметаат дека што повеќе луѓе треба да примат вакцина.