Јапонија планира да го намали увозот на јаглен од Русија и да воведе нови санкции
– Јапонија планира да го намали увозот на јаглен од Русија и да воведе дополнителни санкции, согласно мерките што против Москва ги воведоа западните сојузници.
Министерот за индустрија Коичи Хагиуда денеска изјави дека Токио планира постепено да го намалува увозот на руски јаглен, со цел целосно запирање на увозот.
Премиерот Фумио Кишида претходно најави дополнителни санкции против Москва, цитирајќи извештаи за руските воени активности во Украина и за прв пат нарекувајќи ги „воени злосторства“.
Кишида рече дека Токио е во тесна комуникација и консултација со партнерите од Г7 Групата за да се утврдат дополнителни санкции кон Русија.
Групата Г7 на водечките индустриски земји ја сочинуваат Јапонија, САД, Канада, Франција, Велика Британија, Италија и Германија.
Инаку, 27-те држави-членки на Европската унија вчера го одобрија петтиот пакет санкции против Русија, што вклучува забрана за увоз на јаглен, дрво и вотка.
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови