Јапонија годинава ќе додели 1,6 милијарди долари за бегалци

Јапонскиот премиер Шинsо Абе на обраќањето во Генералното собрание на ОН изјави дека неговата земја ќе додели околу 1,6 милијарди долари за помош на сириските и ирачки бегалци, односно за враќање на мирот во зафатените од војна делови на Блискиот Исток и Африка.
Абе најави дека за помош на бегалците Јапонија во 2015 година ќе додели 810 милиони долари, што е за три пати поголем износ од минатогодишниот. Дополнителни 750 милиони долари ќе бидат дадени за изградба на мир во воените зони.
Јапонскиот премиер, сепак, отфрли секаква можност Јапонија да прифати бегалци од воените подрачја. Јапонија минатата година даде азил на 11 лица, од 5,000 кои поднеле барање.
- Што се однесува на популацијата, мораме да сториме многу повеќе пред да почнеме да прифаќаме имигранти. Јапонија сака со промена на околностите кои доведоа до раст на бројот на бегалци да помогне во решавање на бегалската криза, изјави јапонскиот премиер Абе.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
