Јанушев:Продолжуваме со кампањата разговори за обнова на Македонија

Продолжуваме со кампањата разговори за обнова на Македонија. Денес сме во Штип градот каде што можеби лагите на Заев и СДСМ се едни од најочигледните во речиси две години локална власт во Штип. Ниту едно од предизборните ветувања не се остварени од страна на градоначалникот. Не е изграден ветениот најголем аквапарк во источна Македонија, не е завршена браната на река Отиња, не се започнати катните гаражи. Значи буквално се она што беше ветување во предизборието остана само мртво слово на хартија. Тоа нас не не изненадува бидејќи тоа е единствениот начин на неработење и незнаење на оваа криминално рекетарска власт на Заев и СДСМ.
Меѓутоа со објавувањето на датумот за избори крајот на Заев се гледа, власта паѓа првиот значаен датум е 3 јануари кога ќе се формира техничката влада која ќе ги спроведе изборите на 12 април, а на 13 април веќе Зоран Заев СДСМ и сите останати од неговата криминална банда ќе ги пратиме во политичката историја. Би сакал уште еднаш да порачам овде од Штип денеска, од вмровски Штип граѓаните да дојдат во што поголем број да ги соопштат нивните проблеми ние како партија ќе земеме обврска сето тоа да го нотираме и секако во нашата предизборна кампања да понудиме решенија за сите проблеми на граѓаните. Заев паѓа Македонија се крева обновата на државата започнува многу скоро.
Прашање од новинар: Пред два дена во Штип имаше запалено неколку автомобили на висок функционер на СДСМ штипските социјалдемократи го вперија прстот токму во ВМРО-ДПМНЕ ваш коментар во врска со тоа?
Одговор на Игор Јанушев: Да бидам искрен очекував да го видиме нивниот портпарол да излезе на прес и да запраша, Мицковски да каже кој го запалил автомобилот. Веќе видена реторика толку се во голема паника и не знаат што прават, што и да се случи во државата место да преземат одговорност за тоа со сите ресурси кои што ги имаат и во полицијата и да ги лоцираат сторителите најлесно е да ја обвинат опозицијата. Од она што јас барем неофицијално го разбрав дека на овие настани претходеле други расправи во центарот за социјална заштита како што разбрав и дека станува за пресметка внатре во социјалдемократскиот сојуз.
Прашање од новинар: Дали ги нотиравте веќе кандидатите кои ќе бидат во составот на техничката влада или се уште е рано за тоа?
Одговор на Игор Јанушев: Се уште е прерано, а сите ние со своите капацитети умеење и знаење секако стоиме на располагање за онаму кај што ќе бидеме најкорисни да извршуваме одредени функции меѓутоа е прерано ќе видиме како ќе се одвиваат работите за сепак до трети јануари има доволно време за да ги понудиме најквалитетните и најдобрите решенија.
Игор Јанушев, Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
