Македонија
15. July 2020 - 22:22

Јанушев: Следува огромна победа, досега имаме предност од 7-8 пратеници

Од досега обработените околу 20% од избирачките места ВМРО-ДПМНЕ веќе има предност од над 10.000 гласови, истакна Игор Јанушев. „ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во скопски Аеродром. Односот ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ-Беса во оваа општина е 2:1, победуваме во Илинден, Кратово и Кривогаштани со 2:1, во Охрид и Прилеп веќе имаме сериозно водство, иста ситуација е и со Радовиш, Свети Николе и Бутел имаме предност со 2:1 од обработените избирачки места, Кисела Вода и Велес веќе водиме и се прави сериозна разлика“.