Јанушев: Обновата доаѓа со зголемување на пензиите во следниот мандат и зголемување на просечната плата

Продолжуваме со посетите во рамки на „Обнова на Македонија“. Денеска сме овде во Општината Зрновци, покрај Зрновци ќе ги посетиме и населените места Мородвис и Видовиште.
Разговараме со граѓаните, ги слушаме нивните проблеми, но и ја гледаме перцепцијата на народот. А, таа е дека нема да престанеме со ова што го правиме се до 12-ти април, кога ќе ја издвојуваме огромната победа пред се за Република Македонија.
Обновата во државата доаѓа. Обновата доаѓа со тоа што веќе излеговме пред вас граѓаните и го ветивме зголемување на пензиите во следниот 4-годишен мандат од 20-тина отсто, зголемување на просечната плата за 25%. И сите оние останати мерки кои што ги планираме преку намалување на даноците и создавање на услови за раст на економијата и стопанството. А, со тоа и за подобар живот на сите граѓани во Република Македонија.
Она што граѓаните не го забораваат и го потенцираат е состојбата во која што се наоѓа државата. Таа состојба е очајно лоша и таа состојба ќе почне да се подобрува токму после 12-ти април со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, со формирањето на новата Влада и со почнување на обновата на државата.
Ново на Сител
-

Интернет користат 93,7 проценти од граѓаните на Македонија, најмногу за телефонски и видео повици
-

Протести во Софија, се бараат оставки од Јотова и Радев
-

Деветнаесет години од загинувањето на Тоше Проески
-

Лига Европа: Убедливи победи на Милан и Баер
-

Облачно со повремен дожд, на планините слаб снег
-

Николоски: Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје
-
Николоски: Нема политички договор со Бугарија за случајот Ива Михајлова
-

Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо
