Јанушев: Нема датум за преговори со Брисел зошто Македонија ја има најнеспособната Влада
Капитулантскиот Договор од Преспа и промената на името, ВМРО-ДПМНЕ рече дека нема да донесат датум за преговори со ЕУ, за тоа треба реформи и работа. Но тоа не се случи зошто ја имаме најнеспособната влада, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на 1тв. Јанушев ова го кажа говорејќи за одлуката на министрите за надворешни работи на ЕУ дека за тоа дали ќе има датум за почеток на преговори за Македонија со Европската унија ќе се говори на есен.
-И лидерот Киријакос Мицотакис кој веројатно ќе добие на изборите во Грција рече дека една од работите е отворање на Договорот од Преспа и ако има такво нешто ќе седнеме на иста маса, зошто и Христијан Мицкоски ќе ја формира новата влада во Македонија, рече Јанушев.
Генералниот секретар укажа дека за ВМРО-ДПМНЕ секогаш приоритет било членство на Македонија во НАТО и ЕУ.
-Тоа е програмска определба на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е дел од стратегијата на партијата уште од деведесеттите, рече Јанушев.
Според него факт е дека Владата не спроведува реформи.
-Позитивен момент во реформите има само во делот во кој учествуваше ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е така зошто сме решени да бидеме дел од реформскиот процес, и претседателот Мицкоски кажа дека има подготвеност да се помогне на тој пат. Но, и по десеттина дена нема никаква реакција од Владата и од СДСМ, рече Јанушев потенцирајќи „ракавицата е фрлена, нема реакција од Заев и СДСМ, на нив е сега да се изјаснат“.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња