Јанушев: Насилното преземање предмети од СЈО ќе креира анархија
Постапувањето на Јавниот обвинител по наредба на лице притворено за тежок криминал и злоупотреба на службената положба е невиден преседан и е дополнителен удар врз правниот систем. Насилното преземање на предмети од СЈО надвор од закон, по наредба токму на истото лице кое е осомничено дека ги злоупотребувало токму тие предмети за политички притисоци и изнуда на пари ќе креира анархија.
Катица Јанева го уценуваше ВМРО да и даде поддршка за криминогеното работење, а за возврат нудеше прекинување на постапките, што говори и за мотивите поради кои тие се отворени.
Истрошија скоро 15 милиони евра во нивното досегашно работење. Земаа плати од по 5.000 евра само за да отвораат предмети кои би служеле за уцена и изнуда. По 5.000 евра месечно.
За ваков криминал мора да се одговара, а не да се бара нов незаконски начин како истиот да продолжи.
Доколку сакаме правда и правна држава, ваквите злоупотреби на системот мора да престанат и да бидат санкционирани, а не само да ја сменат формата и амбалажата, а во суштина да останат исти.
Јасно е дека зад овој криминален концепт стои Зоран Заев. Зоран Заев е главата на криминално – рекетарската банда која го штити и промовира криминалот.
Зоран Заев сака амнестија на криминалот, а не одговорност и санкции. Зоран Заев затоа одбива решение во кое што професионалци ќе го испитуваат рекетот. Затоа Зоран Заев се плаши дека ако предметите на СЈО завршат кај професионални обвинители, може да бидат разоткриени сите конструкции и местенки и некој ќе треба да одговара.
Зоран Заев е лично исплашен за себе и за луѓето околу себе. Бидејќи со независен обвинител на чело на ЈО тој ќе мора да биде повикан да даде исказ затоа што како објавија медиумите неколкупати е спомнат во исказите на жртвите.
Зошто Заев се уште не е повикан на распит е повеќе од очигледно. Причините се исти како оние поради кои Катица Јанева цел месец по притворањето на Боки и Зоки се шеташе на слобода, се шеташе по плажите. Па дури откако случајот беше објавен во меѓународните медиуми и притисокот од меѓународната заедница стана преголем тогаш власта реши да ја притвори.
Секој граѓанин на Република Македонија виде, како оваа ненародна и криминогена власт го има целиот систем под себе, и дека нема да процесуира обвинение за било кој нејзин функционер, член или било каков протеже, ако за тоа нема огромен меѓународен притисок. За владеење на правото и враќање на довербата на граѓаните во системот потребно е независно ЈО, кое нема да биде компромитирано како што е СЈО, со лица кои не се потенцијално вмешани во криминал.
Интегрално соопштение на Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица