Јанша: По повик од Мицкоски пративме помош за Македонија
Словенечкиот премиер Јанез Јанша, во објава на „Твитер“, се дообјаснува за контекстот во кој е испратена помошта од неговата земја за македонското Министерство за внатрешни работи.
Откако вчера Владата на Словенија и Министерството за одбрана соопштија дека помошта што стигна во петокот е испратена на барање на Македонија, во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и како дел од координацијата на сојузниците во НАТО, што не се совпаѓаше со верзијата што јавно ја пласираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека помошта доаѓа на негово барање, премиерот Јанша денеска вели:
„Веднаш по повикот од Христијан Мицкоски, кој ја извести Владата на Република Словенија за крајно лошата состојба во Македонија со коронавирусот, ги поврзавме Министерството за одбрана на Словенија и Министерството за внатрешни работи на Македонија и во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, испративме помош на пријателска држава. Во исто време, лично повикав некои од лидерите во ЕУ да не ги забораваат државите од Западен Балкан.“
Притоа, Јанша ја споделува објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од 3 април во која тој вели дека лично побарал помош од словенечкиот премиер.
Денешната објава на Јанша доаѓа по вчерашните известувања од словенечката влада и од Министерството за одбрана, во кои се велеше дека помошта е на барање на Македонија.
Словенија во петокот донираше по сто илјади маски и ракавици во вредност од околу 110 илјади евра, а помошта на скопскиот аеродром ја прими министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.
Ново на Сител
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи