Македонија
8. October 2018 - 16:27

Јанкулоска не ја коментираше пресудата, најави жалба

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска не сакаше да ја коментира пресудата за „Тенк“, со која е осудена на шест години затвор и најави дека ќе поднесе жалба.

Јанкулоска денеска не присуствуваше на изрекувањето на казната за набавката на „мерцедесот“, бидејќи беше на судењето за предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“ за незаконското следење на комуникациите.

На излегување од Кривичниот суд, Јанкулоска кусо рече дека пресудата ќе ја коментира во жалбата до Апелацискиот суд