-->
-->
Јаневски: Вардар е Самсоненко
-->

Прес-конференцијата на тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски, пред мечот од Лигата Европа против Зенит Санкт Петербург предизвика внимание кај руските новинари, кои посебно беа фасцинирани од тоа што сопственик на Вардар е руски државјанин, Сергеј Самсоненко.
„Да, добро сте информирани, нашиот сопственик Сергеј Самсоненко е од Русија. Тој прави многу не само за фудбалот туку воопшто за спортот во Македонија. Ги има и ракоментите клубови, кои се во моментов едни од најдобрите во Европа, и е заслужен за подемот на фудбалскиот клуб и за овој успех. Се работи за одличен човек, и имаме многу помош од негова страна. Има доста вложено во инфраструктура. Ракометните тимови имаат своја сала, фудбалскиот доби свој тренинг камп, што е предуслов овие екипи само да напредуваат“, изјави Јаневски.
Вардар утре ќе се обиде да стигне до првиот поен во Лигата на Европа по четирите убедливи порази во четирите меча, но Јаневски знае дека Зенит е фантастичен тим.
„Да бидам искрен, не очекував четири порази од четири натпревари, но зошто е тоа така има неколку фактори. Прво, играчите имаа малку одмор пред да почнат да се подготвуваат за европските натпревари. Второ, тимот одигра шест исцрпувачки мечеви во Европа пред да се пласира во групната фаза. Трето, нашата група е тешка, патувањата се долги, а сите наши противници имаат искуство во вакви натпревари, кое ние го немаме. Не е Зенит само обичен тим туку е еден од најдобрите во нашата група, и не само во нашата група туку и од сите кои се натпреваруваат во Европската лига. Зенит не губи на домашен терен, но ние доаѓаме подготвени за овој меч, знаеме дека имаме добар тим и ќе истрчаме на терен со мотив за бод или три, затоа што овој тим на Вардар со добри тимови покажа дека знае да игра“, додаде Јаневски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
