Фудбал
25. August 2017 - 8:01

Јаневски: Ова многу значи за нас и за македонскиот фудбал

Македонскиот фудбалски шампион Вардар со две победи успеа да го елиминира турскиот тим Фенербахче и да се пласира во групната фаза од Лига Европа. По скопските 2:0, Вардар синоќа во истанбул славеше победа од 2:1.
- Најголеми честитки за моите фудбалери, кои се изборија за првпат македонски тим да игра групна фаза. Победивме голем тим и тоа во два наврати. Победивме не со среќа, туку со квалитет. Ова многу значи за нас и за македонскиот фудбал. Посебни заслуги одат на сметка на нашиот сопственик Сергеј Самсоненко, кој вложува многу и во инфраструктура и во квалитетни играчи. Вардар е гордост македонска. Никаква екстра премија не може да го замени овој историски успех. Само тоа не интересираше и тоа го остваривме, изјави по натпреварот тренерот на „црвено-црните“ Чедомир Јаневски.