Јанева во Анкетниот лист до Антикорупциска пријавила дека купила половно возило

Државната комисија за спречување на корупцијата нема отворено предмет за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор и третосомничена во случајот „Рекет“.
Претседателката на Антикорупциска Биљана Ивановска изјави дека тие не водат случај за Јанева, случајот е во Обвинителството. Поранешната специјална обвинителка пријавила само една промена во анкетниот лист и тоа за купување половно возило.
-Катица Јанева има поднесено една промена на анкетниот лист. Се однесуваше за купено возило. Обвинителството си води истрага. Ние не водиме предмет за Катица Јанева во моментов, бидејќи доволно се истражува во јавното обвинителство, рече Ивановска додавајќи дека во нејзиниот анкетен лист е само таа една промена, и оти нема значителни движења.
Членовите на атикорупциска, како што кажа таа одговарајќи на новинарски прашања, не ги проверувале анкетните листови на другите обвинители од поранешното СЈО, но кажа дека тие редовно поднесувале анкетни листови. – Не сме забележале нешто посебно некакви промени, рече Ивановска.
Јанева, но и другите обвинители од СЈО најдоцна за 30 дена по разрешувањето или престанок на мандат треба да поднесат анкетен лист за промена на имотната состојба.
ДКСК се уште работи на случаите Тополки и Рашковски, но за вториот случај, кажа Ивановска ќе биде потребно подолго време.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
