Јанева треба да врши увид во доказите за „Рекет“

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ денеска треба да изврши увид во доказите во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.
Ова го најави нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска завчера кога заедно со Јанева беа во обвинителството за да бидат известени дека е завршена истражната постапка, по што Јанева беше вратена во Затворот Скопје каде што издржува мерка притвор за овој случај.
Увид во доказите вчера изврши Бојан Јовановски, кој е првоосомничен во случајот „Рекет“.
Случајот „Рекет“ Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори во јули годинава, против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, за потоа истрагата да се прошири и против Катица Јанева. Јовановски и Јанева се во притвор во Затворот Скоје, а Зоран Милески – Кичеец со одлука на судот од завчера е префрлен во домашен притвор.
Ново на Сител
-

Ново рочиште за „Дражавна лотарија“
-

Регионален форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност
-

Ромите се уште се соочуваат со предизвици
-

Се помалку се подготвува зимница
-

Сушата ја пролонгира есенската сеидба
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
