Македонија
22. August 2019 - 19:20

Јанева се прости од мајка си, гевгеличани со поделени мислења за обвинителката по случајот ,,Рекет‘‘

Катица Јанева се збогува со мајка си. За да и оддаде последна почит, од затворот Шутка, беше донесена со полициска придружба до градските гробишта во Гевгелија. Полициските службеници, Јанева ја внесоа преку задниот влез на објектот. 

Во капелата се задржа околу половина час, не присуствуваше на закопот. По кратката средба со најблиските од излезот на капелата, Јанева беше вратена во затворот во Шутка.

Според информации од управата на затворот Скопје, Катица Јанева нема да го дели просторот во хашкото одделение со двајцата осомничени за случајот Рекет на кои претходно им беше одреден притвор. Тоа е направено за да се избегне меѓусебна комуникација, велат од затворската управа.Додаваат дека Јанева е сместена во женскиот оддел а ќелијата ја дели со уште една затвореничка.