Јанева критикува - судовите не внимаваат дали предметите на СЈО ќе застарат
За собраниските настани Кривичен во септември има закажано 10тина рочишта, додека за најобемниот предмет на СЈО Титаник, само едно. Со ваков став специјалната обвинителка Катица Јанева, го искара судот дека бавно ги води предметите на СЈО и побара судиите да водат сметка предметите да не застарат. Јанева потврди дека нејзиното обвинителство во моментов води 12 истраги и 130 предистражни постапки, а најинтензивно работи на Скопје 2014та и Талир.
СЈО поседува телефонски разговори и на функционери на СДСМ вели Јанева, но до овој момент во нив нема кривични дела.
Одговори од Јанева побараа и дел од адвокатите кои најчесто ги бранат обвинетите лица. Прашуваат зошто одбраната нема пристап до телефонските разговори, но и зошто овие материјали се користат како главни докази, а не само индиции за сторен криминал.
Во својот прв извештај за работењето на Специјалното обвинителство, и ОБСЕ побара законски измени со цел институционално да се реши иднината на СЈО.
Нерегуларностите на судот и работењето на судиите ќе биде новина и посебен дел во најновиот шестмесечен извештај кој СЈО треба да го објави на 15 септември.
Деспина Тодоровска Сител ТВ
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар