Јанев: Правиме сè за заштита на бугарската граница од наплив на мигранти
Бугарскиот технички премиер Стефан Јанев денеска изјави дека земјата прави сè што е неопходно за заштита од нов мигрантски бран.
– Во моментов, не е неопходно да се вклучат вооружените сили во обезбедување на границата, истакна Јанев во парламентот за време на расправата за подготвеноста и плановите на владата да се справи со нов бран мигранти.
Тој појасни дека одлуката за вклучување на вооружените сили ќе биде донесена кога тоа ќе го наложи тоа ситуацијата, јави БТА.
-Во моментов го правиме она што е неопходно во врска со подготовката на државата, подготовка на националните елементи на системот за национална безбедност за заштита на државната граница, рече Јанев.
– Министерството за одбрана е подготвено да распореди до 1.051 војник на бугарско-турската граница, со процена на три ротации од по две недели, изјави техничкиот министер за одбрана на Бугарија Георги Панајотов.
Ново на Сител
-

Маглата не попушта, Штип 10 дена под аерозагадување
-

Илјадници светилки и најразлични новогодишни реквизити го осветлија Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборот на Хоџа и Сали во среда пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
