Јанчева: Поднесовме иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје за помош за настраданите во несреќата во Бугарија
Најпрво дозволете во лично име и во име на советничката група на СДСМ, ДУИ и коалицијата во Советот на Град Скопје да изразам искрено сочувство кон семејствата на починатите во тешката несреќа што се случи во Бугарија.
Советничката група на СДСМ, ДУИ и коалицијата во Советот на Град Скопје, денеска достави барање за свикување на итна седница на Советот.
На оваа седница единствена точка на дневен ред би била помошта кон семејствата на нашите сограѓани кои загинаа во страшната автобуска несреќа во Бугарија.
Го поздравуваме предлогот да се обезбедат два милиони денари за помош на семејствата на настраданите, секако треба да се види можноста тој износ дополнително да се зголеми.
Сепак, не треба да се чека редовната седница на Советот, туку тоа може да се обезбеди и со вонредна седница за што денеска како советничка група поднесуваме иницијатива.
Скопје е град на солидарноста, град кој подава рака секому кому му е потребна помош така е и сега, без да ги делиме луѓето по верска и етничка припадност.
Денеска политиката ја оставаме на страна, повикуваме на сплотеност за што побрзо да им помогнеме на нашите сограѓани.
Во несреќата во Бугарија загинаа 45 лица, огромен дел од нив се скопјани и скопјанки.
Веруваме дека оваа иницијатива ќе биде прифатена и дека седницата ќе се одржи што поскоро за помошта до погодените да стигне што побрзо.
Изјава за медиуми на Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје
Ново на Сител
-

Лишен од слобода Александар Лазаров кој избега од Полициска станица во Кочани
-

Мицкоски во Глумово, ќе изврши увид на проектните активности за регулација на Сува Река
-

СП 2026: Европскиот првак Шпанија прв финалист на Мундијалот
-

СП 2026: Де ла Фуенте – Пред нас е уште еден чекор
-

САД повторно воведоа блокада на иранските пристаништа, Иран возврати со нови напади
-

Повторен колапс на електричната мрежа во Куба, третпат во девет дена целиот остров остана без струја
-

Македонија има повеќе болнички кревети на 100 илјади жители од 14 земји во ЕУ
-

Демократите во Сенатот го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран
