Јанчев: Луѓе на СДСМ ги заплашуваат жителите на Марена
По безбројните неосновани и бесрамни напади на лична основа се со цел лична дискредитација на кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци на ВМРО-ДПМНЕ и Kоалицијата „За подобра Македонија”, Митко Јанчев, сега цел на напад од страна на личности блиски до СДСМ се и неговите гласачи и поддржувачи.
За овој проблем јавно проговори и самиот Јанчев, кој на синоќашниот мини митинг оддржан во селото Марена меѓу другото рече: „Во Марена има една група на луѓе, кои што нема што да прават и се избркани од дома, се продвикаат и прават тензии, ги заплашуваат маренци да не излегуваат на митинзи, да не гласаат, дека нема да му биде откупено грозјето. Тоа е чиста предизборна сдсмовска црна кампања. Никој не заслужува со нешто да биде понижен, а најмалку да биде уценет за грозјето. Јас сум приватен бизнисмен и од свои 23 години сам се снаоѓам и никој во животот не сум го уценил никогаш и покрај тоа што сум бил во позиција да го направам тоа. Тоа е казниво од народот и од Господ“.
Ново на Сител
-
Млади од Тетово бараат правда за несреќата во Кочани, но и за Ласкарци и модуларната болница
-
Преглед на вестите од светот
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти
-
Психолошка помош им е потреба на голем број граѓани, особено на семејствата кои ги изгубија најблиските
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани