Јакимовски: Општина Карпош е единствената каде со свој кандидат и со своја листа оди ГРОМ
Претседателот на ГРОМ и кандидат за градоначалник за Општина Карпош Стевчо Јакимовски во гостувањето во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека неговото со исклучувањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, од СДСМ се две сосема различни ситуации.
„Јас бев исклучен само поради тоа што не ја прифатив одлуката на Бранко Црвенковски да се бојкотираат локалните избори, а потоа излезе дека нема да се бојкотираат. Никаде во светот не се бојкотираат локални избори. Пред една година Еди Рама направи локални избори во Албанија со 24 отсто излезеност. Ситуацијата со Димитриевски е различна. Тој е исклучен затоа што партијата одлучи да оди со друг кандидат“, рече Јакимовски.
Поранешниот градоначалник на Карпош очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ која има свој кандидат во докторот Оливер Задировски за Карпош. Вели дека коалицијата на ГРОМ со најголемата опозициска партија останува.
„Коалицијата функционира, одлуката е во Карпош да одиме посебно. Ние врз основа на шестте анкети знаеме дека граѓаните не се задоволни од актуелното раководство со преку 60 отсто. Општината Карпош е единствената каде со свој кандидат и со своја листа оди ГРОМ. Секаде каде што сметаме ќе ги поддржиме ВМРО-ДПМНЕ, особено каде што ГРОМ учествува на тие листи со свои кандидати за носители. Истовремено очекувам поддршка од ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг.
Не може лица недоволно искусни да се фатат во костец со оваа функција, треба искуство и знаење и менаџерски способности. ако ниту еден проблем во животот не сте решиле, како ќе ги решавате проблемите на граѓаните“, вели тој за актуелното раководење со општината.
Тој доколку победи најави менување на стари лифтови, азбестни кровови и дела ќе има место за 800 деца кои се на листа на чекање за запишување во градинките.
„Никој не го полева постоечкото зеленило, Карпош е како степа, а се зборува само за ново зеленило. Ќе ископаме 15 бунари со кои ќе го наводнуваме зеленилото. Ширењето на Карпош ќе продолжи на левата страна од Вардар, каде урбанистички ќе се развива“, најави Јакимовски.
Тој како проекти најави подземн гаражирање на околината на Лептокарија и 12-13 милиони евра за фасадите во Карпош. Три катни гаражи најави и во Карпош 1 со еден подземен и два надземни ката
Ново на Сител
-
Тепачка во бугарскиот Парламент поради одлуката за преминување на евро | ВИДЕО
-
Јадар во Србија меѓу 13 стратешки проекти на ЕУ со критични минерали
-
Трамп разговарал со Путин - не бил разговор што „ќе доведе до моментален мир“
-
Захарова: Западот е соучесник во украинските напади врз цивилни цели во Русија
-
Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник
-
Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци
-
Париз домаќин на преговорите за трговија меѓу САД и ЕУ
-
Министерот Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО