Јакимовски: Ќе ги реконструирам сите спортски игралишта во општина Карпош
Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски најави реконструкција на сите спортски игралишта во општината. Терените кои се изградени со самопридонес ќе добијат нови рефлектори, ќе бидат обновени
игралишта и секаде ќе биде поставена вештачка трева.
-Сите спортски терени во општина Карпош што се изградени со самопридонес ќе бидат целосно реконструирани. Ќе бидат обновени оградите, ќе бидат заменети рефлекторите и секаде ќе биде поставена вештачка трева. Конкретно ова игралиште овде во Нерези исто така ќе биде реконструирано. Ќе биде изнивелирано по пропис, проширено, поставена вештачка трева, ќе ја поправиме оградата, а во исто време и детското игралиште кое е во близина, а кое во моментот изгледа мизерно, ќе го обновиме за да можат да го користат децата во овој дел од Нерези, рече Јакимовски.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата