-->
-->
Јакимовски го засили хрватскиот тим Истра
-->
Уште еден млад фудбалер од Македонија во потрага по афирмација на меѓународната сцена. Се работи за поранешниот фудблаер на Работнички Борис Јакимовски кој актуелниот преоден рок го заокружи со хрватскиот прволигаш НК Истра.
Македонскиот интернационалец со тимот од Пула потпиша договор на 2+1 години. Во Истра минатото лето влезе шпански инвеститор „Басконија-Алавес груп" која е дел и од шпанскиот прволигаш Депортиво Алавес во шпанската Ла Лига. Поради тоа во Истра има и пет шпански играчи на позајмица токму од Алавес.
Јакимовски е трет Македонец во Истра, затоа што таму играат младинскиот репрезентативец на Македонија Агрон Руфати, а во младинскиот тим е уште Лука Здравковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога