Јакимовски доби извинување од матичната служба поради инцидентот со издавање умреница наместо венчаница
Стевчо Јакимовски, актуелниот градоначалник на Општина Карпош, доби јавно извинување од Управата за водење на матични книги, оти на неговото дете и снаа наместо документ за венчани, добиле извод за умрени. Од Управата посочија и дека службеникот којшто го извршил пропустот ќе биде казнет.
„Во врска со настанатата несакана грешка на издаден погрешен образец од матична книга на венчаните, искажана преку јавно информирање од страна на градоначалникот на Општина Карпош г-дин Стевчо Јакимовски, известуваме дека направен е увид во целокупното постапување по предметното барање за издавање на извод на интернационален образец од матична книга на венчаните.
Утврден е пропуст сторен од страна на административен службеник, вработен во Управата за водење на матични книги – Подрачно одделение Скопје и истиот во краток рок ќе биде санкциониран согласно Законот за административни службеници.
Јавно се извинуваме на семејството на градоначалникот на Општина Карпош г-дин Стевчо Јакимовски за немилиот настан“, стои во објавата на Управата за водење на матични книги.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата