Јакимовска: ВМРО-ДПМНЕ сериозно инвестираше во железничката инфраструктура
Во Република Македонија се инвестира во развој на железничкиот сообраќај и првпат по 40 години се изврши набавка на нови патнички возови и вагони за различен тип на превоз, од кои бенефит имаат сите граѓани како и фирмите кои користат железнички тип на транспорт, изјави денешната прес-конференција Марија Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ.
- Денес пристигнува петтиот нов патнички воз од вкупно шест договорени патнички гарнитури во македонскиот железнички сообраќај. Ова е дел од првиот циклус инвестиции вреден 25 милиони евра. Со овој циклус се врши набавка на 4 дизел-моторни гарнитури и 2 електромоторни, рече Јакимовска.
Железничкиот сообраќај, посочи Јакимовска, е најекономичниот транспорт што го користат голем број на граѓани и компании и токму затоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изминатите години инвестираше сериозни средства во подобрување на железничката инфраструктура, а во тек е уште една набавка со која треба да се обезбедат четири нови електрични локомотиви во вредност од 8,7 милиони евра.
- Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира не само во патничкиот, туку и во товарниот железнички превоз. Во таа насока набавени се 150 вагони од различни типови за товарен превоз со вкупна инвестиција од 15 милиони евра, кои ќе значат дополнителен стимул на македонското стопанство, изјави Јакимовска.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време