-->
-->
Jа земал невестата со камион се паркирале на плоштад, а погледнете што направила полицијата
-->
Горан Жирош (27) со својата сопруга Сања се ванчале во црква кај плоштадот Анте Старчевиќ во Осиек, но тоа што е уште поинтрересно е што тие на својата венчавка стигнале со камиони. Граѓаните кои ги затекнале на свадбата биле воодушевени од глетката додека голмата колона минувала на чело со огромните накитени камиони.
– Возач сум на камион веќе 5 години, а одамна си реков самиот дека кога ќе се женам, сопругата ќе ја земам со камион. Бидејќи немам свој, му го побарав на газдата за кој работам, а тој без проблем ми даде два. На Сања и реков дека ќе ја земе со камион, а таа беше воодушевена од идејата. Се разбира, пред да ја земем, камионот го украсив со машни, изјавил Горан.
Возел 15 километри до куќата на неговата невеста, по што почнала веселбата. По црквената церемонија, младенците имале фото сесија на плоштадот во Осиек каде ги паркирале камионите, но за кратко имале и средба со полицајците.
– Со оглед на тоа што плоштадот е пешачка зона, полицијата не казни со 500 куни, додал Горан.
Младенците биле пријавени во полиција од некој кој ги видел, но како што велат, не дозволиле тоа да им ја расипе веселбата на која имале 220 гости.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион