„Ја закопавме маме, сега тебе, која судбина ја имам“, емотивна објава на Марија за нејзината сестра Лепа
Младата Марија Тасева се спаси од пламените јазици во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кои проголтаа 59 животи. Но, меѓу жртвите е и нејзината сестра, Лепа.
Марија со емотивна објава полна со болни зборови и тага се простува од нејзината постара сестра.
-Не требаше вака да биде сестричке, сега почнаа твоите најубави години. Се вратив по тебе во диското за да те најдам, ама не ми дозволија да влезам, не можев да те спасам. Да ми дозволеа може ќе те спасев или ќе изгоревме заедно, ама битно заедно ќе бевме. Извини што не можев да влезам, извини многу. Ми кажа дека никогаш нема да ме оставиш, дека ќе ме чуваш, ќе бидеш до мене. Ама на неочекуван начин не’ напушти, да знаев дека последен пат ќе те видам во диското, ќе те гушнев и ќе горевме заедно. Оваа болка не се издржува. Ја закопавме мама, а сега тебе те закопувам, која судбина ја имам на овие 19 години? Секогаш ќе бидеш во моето срце сестричке, непребол…држете се со мама горе, НАЈМНОГУ ВЕ САКАМ, пишува младата Марија на социјалните мрежи простувајќи се од својата сестра Лепа.
Семејството пред две години доживеало уште една трагедија, кога починала мајката на двете девојките.
По пожарот во дискотеката „Пулс“, Марија се здобила со повреди при евакуацијата откако поради стампедото кое настанало паднала, а врз неа газеле други лица кои панично се обидувале да се спасат.
Ново на Сител
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани