Ја уапсиле за убиство откако нејзиниот папагал ги повторувал зборовите „не пукај“
Жена во американската сојузна држава Мичиген прогласена е виновна за убиство на сопругот, а случајот привлече внимание кај медиумите, затоа што сведок на злосторството бил папагал.
Глена Дурам пет пати пукала во својот сопруг Мартин, а потоа се обидела да се самоубие.
Папагалот од тогаш често ги повторува зборовите:„Не пукај“, тврди семејството на убиениот сопруг.
Судијата на самиот почеток на процесот ја разгледа можноста дека користи „докази“ од папагал, но од тоа отстапи, јави Би-Би-Си.
Поротата ја прогласи Глена која сакала да направи самоубисто за виновна и таа чека изрекување на висината на казната. Нивниот домашен миленик остана кај родителите на убиениот, кои велат дека животното очигледно присуствувало во конфликтот и ги запомнило зборовите кои биле користени пред крајот на крвавиот конфликт.
- Јас сум уверен дека бил присутен и затоа ги повторува тие зборови кои ги слушнал, рече таткото на убиениот кој многу бил поврзан со папагалот.
Ново на Сител
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството