Македонија
7. February 2018 - 15:28

Ја тепал својата невенчана сопруга пред гостите - семејно насилство во Гостивар

Семејно насилство во Гостивар. Според информациите на  МВР, утринава околу 2:00 часот, Ц.Д. (25) од Гостивар пријавила семејно насилство што го извршил нејзиниот невенчан сопруг Ш.Ш. (37) од Гостивар. Тој ја навредувал и омаловажувал пред гостите во нивниот стан, а во неколку наврати физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници. По пријавувањето на насилството, Ш.Ш. бил лишен од слобода и со него бил извршен разговор. По целосно документирање на настанот, против Ш.Ш. ќе биде поднесен соодветен поднесок.