ОН ја повика Грција да ги подобри условите во камповите за бегалци

Високиот комесар на ОН за бегалци денеска ја повика Грција да го зголеми квалитетот на прибежиштата, да ги подобри санитарните услови и да се зголеми безбедноста во камповите за бегалци, пренесува БТА.
Комесарот Филипо Гранди рече дека условите во камповите создаваат сериозни ризици за безбедноста на нивните најранливи жители, особено за жените и децата.
Тој истакна дека Европската унија треба да ги забрза ветувања за прием на дел од речиси 60-те илјади луѓе кои останаа блокирани во Грција, откако соседните земји ги затворија границите за мигранти.
Гранди посочи дека некои кампови имаат потреба од подобри услови за живот и хигиена, а сите имаат потреба од подобра заштита внатре во кампот и во неговата околина.
Филипо Гранди зборуваше на прес-конференција во Атина, откако посети некои кампови и се состана со претставниците на владата.
Ново на Сител
-

Родители на жртвите сведочат на судењето за Кочани
-

Новиот Закон за Судски совет денеска пред пратениците
-

Левица со предлог Закон - Да нема отказ при бременост
-

Недостига кадар во угостителскиот сектор
-

Штипска Клиничка се конолидира кадровски и финансиски
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
