Ја погодил право во срце: Пукав зошто ме изнервира
Седумдесет и две годишниот Предраг Павиќ од Чачак пукал во келнерката Ивана Илиќ (24) од Краљево и ја убил.
Несреќната девојка, која е погодена во срце, набрзо починала, додека Предраг се обидел да побегне со својот автомобил, но полицијата го уапсила кај Мрчаевац.
Убиецот Павиќ непосредно по апсењето изјавил дека мотивот за убиството бил долг.
- Нејзиното семејство ми должи пари. Лежеше неколку пати дека ќе ми ги врати, а сега одрекува, ме изнервира и пукав во афект, изјави Павиќ објаснувајќи зашто ја убил девојката.
Како што дознаваат медиумите од Србија, постојат повеќе верзии за тоа што е мотивот за злочинот. Според една, Предраг бил заљубен во Ивана и и се додворувал, но таа упорно го одбивала, а според друга тие биле во врска и Ивана решила да ја прекине бидејќи има сопруг и дете.
- Павиќ со години го познавал семејството на Ивана, со која живеел во исто село. Често доаѓал во тоа кафуле. Сеуште се испитува дали љубомората е мотив за злочинот, изјави извор близок до истрагата.
Крвавата драма се случила вчера околу 15 часот во центарот на Краљево, кога Предраг дошол во кафулето во кое работела Ивана. Прво ја побарал во дворот, а потоа влегол внатре. Ивана во тој момент стоела покрај шанкот за да ја преземе нарачката.
Ново на Сител
-
Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир
-
Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили
-
Македонски државјанин уапсен во Косово при обид заедно со други две лица со трактор нелегално да ја премине границата
-
Приведен маж од Тетовско поради приредување игри на среќа без лиценца
-
ИДФ нареди евакуација на 35 области во јужен Либан
-
„Андроид 16“ би можел да го носи кодното име „Баклава“
-
Последен пат ја виделе неандерталците: Комета, што се појавува еднаш на 80.000 години, месецов е на небото над Земјата
-
Судот на правдата на ЕУ ја одби жалбата на забраната за давање адвокатски услуги на руски субјекти