Ја нарекуваат ангелска билка: Ја открил Архангел Михаил а лечи буквално се!
Во народната медицина ова растение се смета за лек на се. Ангелика се користи и како лек, и како храна и како зачин поради ароматичниот вкус и мирис.
Во средниот век била една од главните лековити билки кои се користеле, а главната употреба и била за треска. Во тој период со неа се спасиле многу луѓе, па така и го добила името ангелска билка. Од тука, подоцна низ годините настанало името Ангелика. Се смета дека ја открил Свети Архангел Михаил.
Коренот на оваа билка е добар и за варење, а етеричните масла од ова растение се користат за поттикнување на апатитот, опоравување од тешки состојби како анорексија, како и омалаксаност. Исто така, оваа билка помага и за менструални болки и тегоби, ревматски болки и болести на црниот дроб.
Билката помага и за воспаление на белите дробови и бронхитис. Го спречува и згрутчувањето на крвта, па се препорачува и за лекување тромбоза.
Се користи и како средство за смирување и за мирен сон.
Сепак, важно е да се напомене дека конзумирањето на овој лек не е препорачано за време на периодот на бременоста, како ни во периодот на доењето на бебето. Не се препорачува да го конзумираат ни луѓе со дијабетес, и кои пијат лекови за да не им се згрутчува крвта.
Иако многу помага, оваа билка денес е речиси заборавена и надвор од употреба.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите