Живот
7. September 2016 - 17:51

Ја држи за рака пред да почине, тие покажаа што е вечна љубов

Оваа трогателна фотографија со постари луѓе кои биле во брак 77 години, на која се гледа како се држат за рака само неколку часа пред жената да почине е пример и дефиниција за вистинска љубов.
 
Беше споделена на сајтот Редит од страна на нивната внука од Сан Франциско, која напишала:
 
„Мојата 96-годишна баба со мојот 100-годишен дедо, неколку часа пред нејзината смрт овој викенд. 77 години брак. Знам дека тие ми се баба и дедо, но оваа слика сериозно е најтажното и во исто време најубавото нешто што сум го видела во животот.“