Извршителите од должници наплатиле околу 127 милиони евра

Минатата година извршителите наплатиле околу 127 милиони евра од граѓаните, фирмите и другите должници. Ова, според Годишниот извештај на Комората на извршители, е реализирано само од 55,69 отсто од 112.250 барања за извршување.
Најмногу пари во 2018 година извршителите наплатиле од должници правни лица – 78.778.108,46 евра, потоа од физички лица износ од 33.432.971.41 евра, а од државата – 15.946.914,89 евра.

Во Годишниот извештај наведено е дека најдобра наплата имаат извршителите од Штип и Свети Николе со реализација на наплатата на долговите од 21,12 отсто, додека најслаба наплата има во Велес, Кавадарци Неготино, каде е реализирана наплата од 5,81 од долгот.
Според времетраењето на наплатата на долгот, над една година траело извршувањето на 37.775 предмети, 4.655 предмети биле извршени за период од шест месеци до една година, 3.981 предмет се извршени за период од три до шест месеци, а за три месеци се извршени 16.061 предмет.
-Од вкупниот број на претставки примени во текот на 2018 година, четири претставки остануваат нерешени и се префрлуваат за следната 2019 година, а три претставки префрлени од 2017 година, биле решени во 2018 година. Вкупниот број на решени претставки од страна на претседателот на КИРМ, во рамки на оваа извештајна година изнесува 254, неведено е во Годишниот извештај.
Во извештајната година има регистрирано вкупно 97 извршители, кои се распоредени на 11 подрачја на основните судови во државава.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
