Свет
3. July 2016 - 9:08

Извршителите на нападот во Бангладеш се членови на локална група, а не на ИД

Терористите кои зедоа заложници во ресторан во главниот град на Бангладеш, Дака, не се членови на Исламска држава, изјави денеска министерот за внатрешни работи Асадузаман Хан.

- Тие се членови на Џамаат-ул-муџахедин", прецизира министерот и додаде дека оваа екстремистичка група повеќе од 10 години е забранета на територијата на земјата.

Исламска држава презеде одговорност за заложническата акција, во која се убиени 20 заложници, странски државјани, и двајца полицајци.

Полицијата ги објави имињата и сликите на шестмината напаѓачи, кои беа убиени од командоси од антитерористичките сили. Седмиот напаѓач е фатен жив и е испрашуван од полицијата.

Министерот за внатрешни работи Хан соопшти дека сите киднапери се образовани млади луѓе, од кои некои имаат завршено универзитет, и потекнуваат од добри семејства, како и дека никој од нив не е посетувал училиште за изучување на Куранот.

Запрашан како овие млади станале џихадисти, Хан одговори: Тоа стана мода.