Извршени контроли во угостителски објекти во Скопје
На 16/17.11.2019 во периодот од 23:00 до 04:00 часот од страна на СВР Скопје, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државен инспекторат за труд беа преземeни мерки и активности за контрола во седум угостителски објекти во Скопје. При преземањето на мерките и активностите беа приведени 10 лица: Д.В. (42) од Скопје поради утврдување на идентитет, В.Г. (32) од Скопје, поради омаловажување на полициски службеник при вршење службени дејства, Ј.Ј. поради сторен прекршок по чл.80 од Закон за оружје (поседувал т.н. боксирач) и седум малолетни лица поради присуство во угостителски објекти надвор од законски дозволениот период.
Од страна на полициските службеници констатиран е прекршок по чл.21 „kој овозможува присуство на малолетни лица во угостителски објект подоцна од 24:00 часот„ од ЗППЈРМ , прекршок по чл.75 од Закон за приватно обезбедување и четири прекршоци од Закон за заштита од пушење.
Во еден угостителски објект биле пронајдени полиетиленски кесички со марихуана, кесичка со тврда материја бела боја и таблети, додека во службените простории од угостителскиот објект исто така биле пронајдени полиетиленски кесички со марихуана и полиетиленски кесички со прашкаста материја, за што по целосно документирање ќе се поднесат соодветни поднесоци.
Од страна на Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државен инспекторат за труд констатирани се повеќе неправилности во работењето на пет угостителски објекти и тоа: нерегуларности во дневен промет, нерегистрирано вршење на дејност, неправилно и неуредно водење на службена евиденција.Инспекторите од УЈП, ДПИ и ДИТ дополнително констатирале и два прекршоци по член 3 согласно Закон за заштита од пушење.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово