Извозот на стоки во првата половина од годинава 2.173.287.000 долари

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари-јуни годинава изнесува 120.312. 877.000 денари или 2.173.287.000 долари, (1.953.215.000 евра), објави денеска Државниот завод за статистика.
Вкупната вредност на увозот на стоки во првата половина од годинава изнесува 171.697.690.000 денари или 3.101.797.000 долари (2.787. 458.000 евра).
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни годинава, според статистиката, изнесува 51.384.813.000 денари или 928.510.000 долари (834.243.000 евра).
Покриеноста на увозот со извоз во периодот јануари-јуни годинава е 70,1 процент.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Ново на Сител
-

Зеленски, Виткоф и Кушнер пристигнаа на преговори за Украина во Париз
-

Николоски: 40 километри од автопатот Охрид - Кичево се веќе во функција | ВИДЕО
-

Сиљановска Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж
-

Полициска потрага во кипарскиот град Лимасол по лицето кое го фатило светиот крст и побегнало
-

ЕК не го признава легитимитетот на Делси Родригез, но ќе се ангажира со венецуелските власти
-

Уапсени двајца членови на групата „Пинк Пантери“ за грабеж на златарница на Халкидики со „плен“ од над 500.000 евра
-

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026
-

Повеќе од 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја по нападот врз електричната мрежа
