Извор од Белата куќа тврди дека во преговорите меѓу Киев и Москва се појавуваат нови прашања за Украина
Преговорите предводени од САД во Саудиска Арабија со делегациите од Украина и Русија напредуваат добро и наскоро се очекува позитивно соопштение, изјави извор од Белата куќа.
– Разговорите кои ги овозможија техничките тимови на администрацијата на Трамп во Ријад се одвиваат исклучително добро и сите вклучени страни работеа цел ден и ноќ. Очекуваме позитивно соопштение во блиска иднина, рекол изворот, пренесуваат светските агенции.
Делегацијата на САД се состана со украинските претставници во Ријад во неделата и со руските претставници вчера. Разговорите главно се фокусираа на прекин на огнот во Црното Море, но Трамп рече дека се појавуваат и други прашања како дел од неговите напори да стави крај на тригодишната руска војна против Украина.
– Во моментов зборуваме за територија. Зборуваме за демаркациски линии. Зборуваме за енергија, сопственост на електрани. Некои луѓе велат дека САД треба да поседуваат електрани бидејќи имаме експертиза, рече Трамп.
Американскиот претседател изрази очекување дека наскоро ќе биде потпишан американско-украинскиот договор за поделба на приходите од клучните минерали во Украина. Тој, исто така, на новинарите на состанокот на неговиот кабинет изјави дека САД разговараат со Украина за можноста американски компании да поседуваат украински електрани.
Украинската национална телевизија Суспилне јави дека украинската и американската делегација ќе се сретнат денеска на разговори кои ќе следат по руско-американските преговори. Телевизијата, повикувајќи се на неименуван извор во украинската делегација, јави дека украинскиот тим ќе остане во Саудиска Арабија уште еден ден за да се сретне со претставници на САД.
Ново на Сител
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле