Извлечен првиот добитник на JEEP Avenger во големата наградна игра на „Тинекс“
На 11.06.2024 беше првото извлекување од големата наградна игра на „Тинекс“, „Тинекс и партнерите 30 години заедно со вас“.
Со голема радост, „Тинекс“ објави дека првиот добитник на Jeep Avenger е Нина Маркиќ, која со своето учество во оваа игра стана среќна сопственичка на престижниот автомобил.
Церемонијата на извлекувањето се одржа во ТЦ „Зебра“, во присуство на претставници на „Тинекс“, како и бројни гости, кои беа дел од ова возбудливо случување. „Тинекс“, кој веќе 30 години претставува симбол за квалитет и иновација во малопродажбата, со оваа наградна игра им благодари на своите верни потрошувачи и партнери за долгогодишната поддршка и доверба.
Добитничката на џипот изјави: „Навистина многу ме изненадивте, не очекував да ја добијам наградата затоа што никогаш до сега не сум добила ништо на било каква наградна игра.
Секојдневно пазарам во „Тинекс Деликатесен“, бидејќи живеам на Водно и секојдневно поминувам таму. Случајно, првата сметка што ја имав, жената на каса ми кажа дека сметката исполнува услови за учество во наградната игра. Направив после уште една сметка и си ги чував сметките и еве, си добив кола.
„фала многу, не знам што многу да кажам, бидејќи сум сѐ уште возбудена. Ви посакувам на сите да си добиете ваков клуч.“
Покрај главната награда, беа доделени и 35 други вредни награди, меѓу кои: велосипеди, телевизор, електрични тротинети, робот правосмукалки, климатизери, телефони, прочистувач на воздух, фритези на топол воздух, кафемати, пегли на пареа, звучници, цедалки и вредносни ваучери.
Сите добитници се објавени на официјалната веб страница на „Тинекс“.
Следното извлекување ќе се одржи на 10.07.2024 и сите учесници имаат уште многу шанси да освојат вредни награди. „Тинекс“ ги поканува сите да продолжат да пазаруваат и да учествуваат во наградната игра, каде што секое купување може да донесе голема награда.
Ново на Сител
-
На ГП „Џепиште“ кај Дебар за шест месеци минале 22.919 патници, најголема бројка досега
-
Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа
-
Андоновски - Агелер: Поддршка од САД за дигитална трансформација на Македонија
-
ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција
-
Телото пронајдено во близина на пожар во кривопаланечко предадено на обдукција
-
Приведен возач од Пробиштип, возел под дејство на алкохол
-
Полицијата во период од шест часа казни 232 возачи на мотоцикли на територија на цела држава
-
Јовева: ЕП ги признава македонскиот идентитет и јазик, тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање