Живот
17. April 2017 - 11:25

Извапцавте многу јајца за Велигден- еве колку можете да чувате варени јајца!

Варените јајца кои се вапцаат за Велигден, всушност имаат многу краток рок на траење, многу помал од свежите јајца.

Тоа е поради тоа што со варењето на јајцата го отстрануваме заштитиниот надворешен слој кој ја обвиткува лушпата, поради што таа станува ранлива на воздух, бактерии и други работи кои можат да го контаминираат јајцето и да го загрозат нашето здравје.

Тврдо вареното јајце може да остане свежо до 7 дена, но ако е излупено, тоа ќе остане свежо само 5 дена.

Како би се осигурале дека варените јајца се безбедни за јадење, изладете ги после варењето и веднаш ставете ги во фрижидер.

Јасен знак дека јајцето е расипано е мирисот. Ако зебележите дека варените јајца имаат непријатен мирис, кој потсетува на сулфур, веднаш фрлете ги.