Изучувањето странски јазици ги подобрува умствените способности

Колку повеќе јазици учиме, толку ни е поголема способноста побрзо и поефективно да учиме и да помниме, се посочува во истражувањето спроведено од Националниот истражувачки универзитет во Хелсинки.
Според научниците, неврофизиолошките техники на говорот и речитоста не можат да бидат истражени до таа мера како и другите умствени способности, поради неможноста таквото испитување да се изврши врз животни. Затоа, најновиот експеримент е извршен врз 22 студента-доброволци помлади од 24 години, а со помош на електроенцефалографија (ЕЕГ), метод со кој се мери мозочната активност. Концептот е таков што, на субјектите, на главата им се прикачуваат електроди кои ја следат нивната реакција, се наведува во статијата на Јури Штиров (одговорен за истражувањето), Лили Кимпа и Теија Кујала, објавена во „Саентифик Репортс“.
Истражувачите на студентите им пуштиле познати и непознати зборови, на мајчиниот фински и на друг странски јазик, па кога на ред ќе дојде збор непознат за студентот, тие ја следат брзината и начинот на кој мозокот го процесуира тој збор. Потоа следи споредување со неврофизиолошките податоци на другите субјекти.
Експериментот покажал дека кај оние студенти кои знаат два или повеќе јазици, мозочната активност е повисока.
- Колку повеќе јазици еден човек владее, толку побрзо неговиот мозок ги запомнува новите зборови. А, новите податоци ја стимулираат физиологијата на самиот мозок. Проширеното знаење го прави мозокот поеластичен, нагласи Штиров.
Научниците веруваат дека овие нови сознанија, меѓу другото, би го усовршиле и дијагностицирањето на проблемите со говорот по преживеани мозочни удари, сообраќајни несреќи...
Ново на Сител
-

ОАЕ известуваат за нов ирански напад со ракети и дронови, Иран тврди дека е насочен кон алуминиумската индустрија во Заливот
-

Сиљановска-Давкова до католичките верници: Велигден да донесе мудрост и солидарност
-

Денеска е Цветници - Влегување на Исус Христос во Ерусалим
-

Трамп вели дека го спасиле вториот пилот на соборениот Ф-15 над Иран
-

Николоски, Ѓорѓиевски и Ивановски на увид во реализацијата на проектот „Градски воз“
-

Две трки денеска во Скопје – изменет сообраќај на повеќе локации
-

Римокатолиците го слават Велигден
-

Сончево и топло до 22 степена
