Изречени пресудите за обвинетите за насилствата во Собранието на 27 април, Чавков осуден на 18 години затвор
Во Кривичниот суд во Скопје денеска е објавена пресудата за 17-те преостанати, од првично 33 обвинети за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, познат во јавноста како „27 април“.
Судијката Добрила Кацарска обвинетите ги прогласи за виновни кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и ги изрече следните пресуди за обвинетите: Митко Чавков -18 години затвор, Душко Лазаров -15 години затвор, Горан Ѓошевски-Леви -15 години затвор, Митко Пешов -15 години затвор, Оливер Поповски - 13 години затвор, Мунир Пепиќ -15 години затвор, Абдуљфета Алими -7 години затвор, Оливер Радулов -10 години затвор, Јане Ченто -15 години затвор, Игор Југ -12 години затвор, Александар Василевски-Нинџа -8 години затвор, Никола Митревски-Кољо -15 години затвор, Младен Додевски -12 години затвор, Горанче Ангеловски -12 години затвор, Влатко Трајковски -15 години затвор и Вилијам Михајловски -14 години затвор, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.
Обвинетиот Игор Дурловски е ослободен од обвинението, неговото дело не е докажани од јавниот обвинител.
Обвинителката предложи продолжување на мерката притвор за осудените Митко Чавков, Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски Влатко Трајковски, бидејќи според неа постои опасност од бегство. За преостанатите за кои е изречена затворска казна е побарано определување мерка притвор до правосилност на пресудата.
Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.
Ново на Сител
-
Пазарните инспектори на терен, Владата најавува можност за ограничување на маржите
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
Бајден побара од Пентагон да продолжи со своите активни испораки на оружје за Украина
-
Најмалку 10 лица загинаа во израелски напади во Појасот Газа
-
Јапонската национална авиокомпанија е погодена од кибер напад
-
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патот Тетово – Попова Шапка
-
Облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава