-->
-->
Изречени казните по првиот меч меѓу Карпош Соколи и Куманово
-->
Комесарот за натпреварување при Македонската кошаркарска федерација (МИФ), Атнонио Угринов, ги изрече казните по вчерашниот меч меѓу Карпош Соколи и Куманово, во рамките од полуфиналето на домашниот шампионат.
Ценатар на Куманово, Бојан Трајковски, е суспендиран на еден меч поради „неспортски однос’’, а по пријава од делегатот.
Казната за репезентативецот на Македонија се однесува за утрешниот втор натпревар, но, сепак, постои можност тој да се најде во составот на кумановци, доколку биде платена парична казна во износ од 50.000 денари. Воено Куманово ќе треба да плати и 48.000 денари поради двете технички грешки на клупата.
Казна заработија и домаќините, Карпош Соколи, и тоа во висина од 12.000 денари, поради фрлање тврди предмети и слабата редарска служба се санкционирани.
Воедно претседателот на „Соколите’’, Огнен Дедиќ за неспортско однесување е предаден на Дисциплинската комисија која дополнително ќе решава за начинот на кој тој ќе биде казнет.
Екипата на Куманово ќе мора брзо да реагира, имајќи в предвид дека веќе утре ќе се игра вториот натпревар, па комесарот Угринов ќе мора да донесе одлука до крајот на денов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор