Израелскиот Парламент го усвои таканаречениот закон за препораки
Израелскиот Кнесет на предлог на премиерот Бенјамин Нетанјаху усвои закон со кој е завршена полициската пракса да препорачува подигнување обвиненија.
Таканаречениот „предлог закон за препораки“ усвоен е денеска по опструкции што траеја со денови.
Со него полицијата е спречена да препорачува на обвинители дали да подигнат обвиненија по завршување истрага, а исто така целта е да се оневозможат детали од сослушување да бидат објавени во медиуми.
Приврзаниците на тој закон велат дека бил потребен за заштита на граѓани кои се под истрага, но против кои никогаш не било подигнато обвинение.
Нетанјаху е осомничен за два случаја на корупција, измама и изневерување доверба. Полицијата го испрашуваше во неговата официјална резиденција во Ерусалим повеќепати по неколку часа. Се сомничи дека примал подароци од богати приврзаници, како и од странци.
Исто така, осомничен е дека преговарал со сопственикот на весникот „Једиот ахронот“ за подобро известување за него во замена за намалено влијание од конкурентски весник.
По бурните реакции од предлог законот, тој нема да се однесува на сегашните истраги, вклучително и оние што се однесуваат на премиерот
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите